ПРОЕКТ „УЧИЛИШТАТА ВО МУЗЕИТЕ И МУЗЕИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА“

Оваа година нашето училиште повторно соработуваше со Музејот на град Прилеп на проектот „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“. Овој пат ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА имаше задача да изведе точка во која ќе има озборување. Најдоброто озборување на чешма го направија седум ученички од осмо одделение (деветтолетка). Годинава направивме сценарио мотивирано од познатиот роман „Крпен живот“. Озборувањето на Доста Рожденката на чешма беше едно ново искуство за нас.

Подготовките траеја два месеци. Напорните проби по три пати неделно, самостојната работа дома и талентот, направија една убава театарска дружина која уживаше во работата.

На средината од подготовките ни дојдоа на гости координаторот на проектот, господинот Александар Цветкоски и неговиот асистент. Средбата беше многу корисна, Добивме поддршка за работата, совети за понатаму и ја договривме логистичката поддршка за снимањето.

Кога заклучивме дека сме спремни, се договоривме и снимавме. Снимањето беше едно ново и интересно доживување за сите. Локацијата беше на Варош, во близна на прекрасните карпи, на една чешмичка која за жал не течеше, ама затоа наоколу се лееше смеа и радост.

This slideshow requires JavaScript.

Со овој перформанс нашата секција ќе учествува на општинскиот натпревар на кој ќе учествуваат сите основни училишта од Прилеп. Се надеваме дека добро ќе поминеме 🙂

Advertisements

РАБОТИЛНИЦА: НИШТО НЕ УСПЕВА ТОЛКУ ДОБРО КАКО УСПЕХОТ

Во понеделникот учениците од VI – 2 одделение работеа работилница: НИШТО НЕ УСПЕВА ТОЛКУ ДОБРО КАКО УСПЕХОТ.

Работилницата се состоеше од неколку етапи низ кои учениците дознаа многу работи поврзани со успехот и неуспехот. Во самата игра видоа дека заедно можат да постигнат успех, да ја завршат успешно задачата, но имаше и моменти кога тој успех им го препуштаа на други. Како се чувствуваа по тие вежби споделија во училница, поткрепувајќи ги емоциите со случки од својот живот во кои постигнале успех или неуспех.

Оваа работилница помогна и за градење на групата, за забава и за добро дружење со балоните кои подоцна ги испукавме за да не правиме проблеми на наредните часови 🙂

This slideshow requires JavaScript.

ПРОЕКТ: ВИДОВИ ИСХРАНА

Учениците од VIII одделение во деветтолетка на часот по Вештини за живеење правеа проект за исхрана. На часовите учевме какви видови исхрана има. Тие се поделија во три групи, истражуваа, запишуваа, сечкаа, дебатираа, малку забушаваа 🙂 повеќе работеа, и така направија презентации од кои и јас научив многу работи.

This slideshow requires JavaScript.

КРЕАТИВНИТЕ ШЕСТАЧИЊА

This slideshow requires JavaScript.

Учениците од шесто одделение на часот по македонски јазик твореа еко-пораки на определени теми од екологијата. Часот беше весел, опуштен и многу креативен. Освен што твореа и дискутираа за важноста на еко-свеста кај младите денес, тие пораките ги украсуваа и ги правеа много убави и весели. Потоа заеднички ги одбираа најубавите пораки и ги лепеа на хамер, тако што направија ѕиден весник кој стои во секоја училница и ги потсетува за важноста на еко – свеста.