Заедничка наставна активност

DSC_0243.JPG

На 21 Март, го реализиравме заедничкиот наставен час со колегата Аднан Мехмети и колешката Светлана Миоковиќ-Томеска. Часот беше задолжителна активност во рамките на проектните обврски кон проектот „Подршкаа на процесот на интегрирано образование.

Еко – пораки е едноставна наставна единица која веќе сум ја работела на неколку наврати. Ја одбравме неа бидејќи во неа нема политика, нема религија, традиција… нема знамиња…химни…култури… таа е потполно заедничка. Со изборот на овој ден и на оваа наставна единица сакавме да покажеме дека Мио часовите треба да бидат врзувачки. Да не се запознаваме по нашите разлики, туку да се спознаеме по нашите сличности.

DSC_0055

Часот се одвиваше на двата наставни јазици: македонски и албански. Паралелно зборуваме со колегата и бевме постојано со, и за децата. Колешката Светлана Миоковиќ – Томеска – дефектолог во нашето училиште, беше поддршка на дечињата со посебни образовни потреби, кои беа дел од ова случување и кои требаше да покажат дека интегрираното образование не треба да биде фокусирано само на меѓуетничките односи.

Го започнавме часот во круг –  да ја претставиме еднаквоста. Игрите зазапознавање беа првична активност: секој си го кажува своето име и го запишува на самолеплив лист.

20170321_100946

Втор круг запознавање: со тениско топче се фрла кон непознато другарче и се кажува неговото име. Детето што го зема топчето го кажува името од она што го добило. Така неколку пати. Потоа учениците се делат во парови. Разговараат меѓу себе за работите кои ги сакаат и кои не ги сакаат. Подоцна во круг секој пар го претставува својот партнер со што го кажува неговото име и кажува тој/таа што сака и што не сака.

DSC_0109

Активноста со паровите беше многу корисна, учениците имаа можност подобро да се запознаат и да кажат за своето ново другарче нешто што го научиле тогаш.

Особено беше корисно што дечињата домаќини многу природно ги прифатија двете дечиња со посебни образовни потреби и комуницираа со нив.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ – Пишување еко-пораки

Учениците се делат во три групи од по четири ученици:

Група ВОДА, група ВОЗДУХ, група ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Задачата составуваа еко-пораки на два јазици: албански и македонски.

This slideshow requires JavaScript.

Наставниците ротираа од група до група и постојано беа поддршка и помош. Се зборуваше на двата јазици. Ако имаше потреба за превод на некој од јазиците.

Додека се работеа пораките, наставниците ги мотивираат учениците да дискутираат за темата на која што работат. Ги поттикнуваа и ја развиваат еколошката свест кај учениците.

Дефектологот им помагаше на дечињата и со украсни детали ја создадоа пролетта на еден хамер.

DSC_0242

Наставниците на двата јазици на таблата запишаа поими кои учениците ги користат во пораките: планета, земја, природа, дрво, цвеќе, вода, енергија… и сл. Така што учениците можеа да научат нови поими на двата јазици.

20170321_104959

Кога пораките беа готови, учениците заеднички ги лепеа на хамерите.

Хамерите се поставуваат во училниците или во ходниците од училиштето како ѕидни весници.

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ – игра ЗМЕЈ

Сите се држат за рака, но наредени се еден зад друг, како воз. Првиот ученик е главата од змејот, а последниот е опашката. На даден знак Главата има задача да ја фати Опашката, а Опашката има задача да бега. Додека се бркаа, учениците не смееја да се испуштат од рацете.

Оваа активност им беше многу интересна.

Во усната евалуација учениците искажаа задоволство и среќа. Научија нови работи, се спријателија со нови дечиња. Сакаа пак да дојдеме.

Advertisements

Заедничка воннастава активност

        20170317_123853.jpg

Во рамките на проектот: „Поддршка на процесот на интегрирано образование“. Училиштето „Климент Охридски“ заедно со неговото партнер-училиште (во рамките на проектот) „Лирија“ од Житоше и со поддршка од училиштето „Добре Јованоски“ состави три театарски групи кои минатата недела се собраа и се здружија во една.

Наставниците Ирмела Папиќ, Јулијана Талеска и Аднан Мехмети самостојно работеа на текстот „Ние – врапчињата“ – сценарио мотивирано од истоимениот детски роман на Јордан Радичков.

На средбата учениците имаа можност да се запознаат со проектот и со целите на театарската претстава. Тие се дружеа и глумеа задно.

Наставниците искористија техники за запознавање и игри за градење на групата кои ги стекнаа во дисиминиациите презентирани од колегите кои беа дел од обуките.