Филмски играчки

20170125_090751

На часовите по македонски јазик за седмо одделение, предвидени за МЕДИУМСКА КУЛТУРА, поточно за Анимиран филм, учениците правеа повеќе активности кои им помогнаа на интересен начин да ја совладаат предвидената материја.

Еве дел од активностите, слободно користете ги и правете ги на вашите часови, или со вашите другарчиња:

  • Гледање на првиот анимиран македонски филм „Embrio No. M“ од Петар Глигоровски (1971)
    Виде кое покажува различни типови на анимација:
  • Кратки анимирани филмови од Пиксар кои ги има на овој линк: https://www.youtube.com/watch?v=eBqhKEzcw0w
  • Учениците твореа и цртаа стрипови во групи, кои подоцна ги презентираа пред класот
  • Но, најинтересниот дел од овие часови беше правењето филмски играчки. Учениците правеа тауматроп. Неговата подготовка е едноставна, потребни се: ножици, картон, хартија, боички, лепило и конец или стапче.Еве како може да се направи: https://www.youtube.com/watch?v=dlUggq_uvy
  • Ако на учениците не им оди цртањето, можете да им испечатите листови со готови цртежи:

  • Но учениците можат да се направат и други филмски играчки или да им се даде за домашна работа:

Матноскоп (flip book animation) е всушност тетратка (тефтерче) во која на средина на листовите се нацртани фигури во разни ситуации и при брзо вртење со палецот се добива впечаток дека фигурите се движат:

Зo(у)отроп, или колце на животот, всушност е цилиндер направен од картон; на внатрешната страна се цртаат  сликички (на пример, раце во разни ситуации: кренати, спуштени, полукренати, мавтаат и сл.) од надворешната страна се сечат вертикални отвори; при движењето се добива впечаток дека сликите се движат:

  • Или пинакистоскоп (во однос на имињата, не сум сигурна дали баш вака се викаат кај нас, можеби со некое идно истражување и тоа ќе го објавам 🙂

 

Advertisements

Честит на да ни е Патронониот празник!!!

%d0%ba%d0%ba

Во средата, нашето училиште го славеше 54 годишното постоење, но воедно и се приклучи во чествувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Климент Охридски.

Во таа чест се случија бројни активности. Дел од активностите е и изготвувањето брошура посветена на чествувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на св. Климент.

This slideshow requires JavaScript.

Брошурата ја изготвија учениците од додатната секција по македонски јазик од седмо и деветто одделение. Тие заеднички истражуваа за живото и делото на св. Климент и за историјатот на училиштето. Најзначајните работи ги одделија и ги ставија во брошурата кои сами ја направија. На свечената академија четворица од нив ги делеа брошурите на присутните гости и така ги запознаа со она што тие го истражуваа.

ПДФ – верзија од нашата брошура

%d0%b1%d1%80%d0%be%d1%81%d1%83%d1%80%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82-%d0%ba%d1%80%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%b0

На оваа активност ментори беа наставниците: Каролина Јовеска – историја, Јулијана Талеска – македонски јазик и Влатко Николоски – ликовно образование.

Благодарност на учениците: Милена Спиркоска, Зоки Трајкоски, Петар Петрески, Леонардо Маркоски, Леонарда и Лариса Кајџаноски, Ирина Јованоска, Надица Ѓеорѓиоска, Ана Нешкоска, Ангела Здравкова, Ана Каранфилов, Викторија Танеска, Гордана Димеска.

Согласките на крајот од зборовите (Обезвучување)

ВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставничката поставува прашања од изучениот материјал од фонетика, а учениците се потсетуваат на претходните знаења и ги одговараат прашањата. За испрашувањето ја користи техниката змија: На хартија има нацртано змија чие што тело е поделено на 14 делови. Секој дел е означен со броеви. Учениците, доброволно се јавуваат и одбираат број. Наставничката лепи стикер на бројот од змијата и им го чита прашањето. Ако не го знаат, сами одбираат ученик/чка кои ќе го одговорат.

Прашања:

  • Од што е составен текстот?
  • Од што се составени речениците?
  • Од што се составени зборовите?
  • Од што се составени слоговите?
  • Што одговара на секоја буква?
  • Колку гласови има во македонскиот јазик?
  • Што е гласот?
  • Како се вика науката што ги проучува гласовите?
  • Kако се делат гласовите?
  • Што се согласки?
  • Што се самогласки?
  • Која согласка може да има функција на самогласка?
  • Како се делат самогласките според звучноста?
  • Што претставуваше едначење на согласките по звучност?

ГЛАВЕН ДЕЛ:

Откако се заклучува дека е совладан материјалот за едначење на согласките, наставничката започнува со новата наставна содржина. На учениците им дели листови на кои има напишано зборчиња. Секој ученик влечи по едно. Нивната задача е да го препишат зборчето во тетратката и еден по еден да ги прочитаат.

Наставничката поставува прашање: Дали тоа што го прочитавте исто се запишува? Учениците забележуваат дека на крајот од зборот имаме промена на гласот. Наставничката користејќи го ѕидниот весник демонстрира дека сите примери ја содржат гласовната промена: обезвучување на согласките на крајот од зборот.

Бара од учениците, гледајќи ја табелата да кажат која звучна согласка преминала во безвучна. Ги слуша внимателно и ако има потреба се вклучува со дообјаснувања.

Наставничката го диктира во тетратката она до што се дојде:

Гласовната промена кога звучните согласки на крајот од зборот се изговараат како безвучни се вика ОБЕЗВУЧУВАЊЕ НА СОГЛАСКИТЕ.

Потоа бара од учениците да ги членуваат зборчињата што ги добиле. Запишува на таблата неколку примери: леб-лебот. Им образложува на учениците: ако некогаш не се сигурни која буква треба да стои, нека го членуваат зборот и така нема да погрешат.

ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Им дели на учениците наставни листови во кои учениците треба да ги пронајдат грешките и да ги запишат речениците како што е правилно. Дискутираат за секој пример одделно:

Наставен лист:

  1. Денес беф в грат.
  2. Мечката јаде мет.
  3. Нис дворот протрча еш.
  4. Отидоф в грат и купиф орис, леп и прас.
  5. Заврна силен дош.

 Наставничката им лепи на таблата веќе нацртан крстозбор на кој се напишани дел од зборовите. Учениците треба да ги пронајдат останатите, со тоа што знаат дека се работи за зборови кои во себе ја содржат гласовната промена обезвучување. Ако нема време од часот, наставничката го лепи табакот и го остава да го решат на одморот. Од акростихот кој произлегува од крстозборот, таа се збогува со учениците.

П р а в
Р и д
И Г Л А
Ј А С Н О
А В И О Н
Т А Т К О
Н о ж
О б р а з

*За реализација на воведната активност им благодарам на ученичките од IX – 4 одд. што ја нацртаа и украсија змијата. Создадоа ресурс кој ќе се користи во иднина.

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

images

Според употребената техника при снимањето, филмовите можат да се распоредат во следниве три родови:
-документарни
-играни
-анимирани

Документарниот филм ги прикажува фактите од реалниот живот онакви какви што се. Тој прикажува некоја појава или проблем, при што зазема став (но сепак не смее тој став да се постави како апсолутна вистина) или дава визуелна информација за определен настан или појава

– факти (неоспорни, објективни, докази, вистински настани или податоци)
Тоа прикажување може да биде на лице место или по пат на реконструкција (прикажување на случајот или настанот преку веќе регистрирани документи – вести, изјави, весник, фотографии, видеа, ракопис…
Целта на документарниот филм е да се прикаже вистинската страна на некоја тема или случување. Сепак документарниот филм може да прикажува лаги и пропаганди, да ја извртува вистината со цел да манипулира со гледачите.

Првите документарни филмови:
1. Жито за народот (1947) Трајче Попов https://www.youtube.com/watch?v=lE_-bGvtZt0
2. Галичка свадба https://www.youtube.com/watch?v=ChgE8Vq6Plw
3. Македонски тутун https://www.youtube.com/watch?v=NDcUwuwI-ws
Листа на линкови со документарни филмови (составена од моите ученици):

Село Староец https://vimeo.com/39220665

Приказна за една соба https://vimeo.com/18535830

Дневникот на Пол Баленовиќ https://www.youtube.com/watch?v=HMvcmjRQaGY
(BBC – на англиски)

Барака https://vimeo.com/36747247

THE SECRET STORY OF PLANET MARS – Documentary 2014  https://www.youtube.com/watch?v=Zw2fycH-Avc

Megalodon Giant Killer Shark(full documentary)HD  https://www.youtube.com/watch?v=b-tt1E2hpD4

По трагите на јагулите  https://www.youtube.com/watch?v=bcfQzLPXdn0

„Во срцето на Балканот – барајќи го рисот”  https://www.youtube.com/watch?v=5dwJctsT_cQ

Македонија во слики (1923) Документарен филм (Арсениј Јовков)  https://www.youtube.com/watch?v=6ShYoAchMnU

Шест саати до небото:Тоше Проески   https://www.youtube.com/watch?v=oCHo5SuTNv0