ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ И РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ

Вчера со учениците од шесто одделение бевме во посета на градската библиотека „Борка Талески“. Во библиотеката бевме срдечно пречекани. Не` расшетаа насекаде. Го видовме одделот за возрасни, одделот за деца, читалната, конференциската сала, роднокрајните дела, одделите за странски јазици, дури и ни дозволија да се прошетаме во магацинот. Таму ни беше најинтересно. Книги од под до таван, а ние како мали глувчиња чепкаме наоколу. Прекрасно искуство. Учениците имаа можност да постават прашања и да се запознаат со условите за зачленување и изнајмување книги.

По посетата се упативме во паркот и направивме работилница за креативно пишување. Ученицте седеа во круг. Секој пред себе имаше лист хартија. На даден знак запишуваа една реченица. Потоа листот го предаваа на ученикот од левата страна, а го земаа од ученикот од десната. Задачата беше да ја продолжат приказната. Така додека не дојде до нив нивниот лист. Потоа расказите се читаа на глас.

This slideshow requires JavaScript.

Advertisements

СПРЕМНИ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПАНАЃУР

Учениците од VII- 2 одделение се вклучија со учество на рачни изработки за традиционалниот училишен, Велигденски панаѓур. За таа пригода, се одржа работилница која ја водеше ученичката Анисија Ставреска. Таа им даваше инструкции на учениците како да направат корпе за јајца од стари весници. Од работилницата произлегоа убави корпиња кои заедно со уште некои индивидуални изработки на учениците во соработка со своите реодители, ќе бидат изложени на утрешниот панаѓур. Па драги наши следбеници на блогот и фејсбук профилот, ве покануваме да не` посетите. За многу години да е празникот!!!

This slideshow requires JavaScript.